По тепачка, мистерија во Битола: Оној кој го влечеа по „Широк сокак“ е жив, починал оној кој влечел
Се случи пресврт во настанот кој ја шокираше Битола.
Се појави видео снимка на која се гледа како еден човек влече друг рано наутро на „Широк сокак“.
Наредниот ден МВР информираше дека во кругот на битолската болница е пронајдено безживотно тело на 39-годишник од Струмица.
Се поврза целиот случај со снимката, и кога сите помислија дека човекот кој беше влечен всушност е починатиот – пресврт.
Токму оној кој влече подоцна е пронајден во дворот на битолскиот клинички центар. Тепачката, која се случила во центарот на градот во четири часот наутро, ја расчистила полицијата, но зошто дошло до истата и што се случувало допрва ќе се утврдува.
-Во врска со видео снимките од социјалните мрежи, ве информираме дека од страна на СВР Битола утврден е идентитетот на лицата кои се на снимката, при што за расчистување на настанот повикани се повеќе лица на службен разговор. Потенцираме, дека споменатато починато лице, Ј.И. во дворот на КБ Битола не е лицето кое на видео снимката е влечено од страна на друго лице – изјавија од МВР.
Починатиот 39 годишник од Струмица по физичката пресметка, рано утрото во понеделникот, со итна медицинска помош завршил на ургентниот центар во битолската болница, каде му биле извршени низа прегледи, и бил испратен на дополнителни, но наместо тоа ја напушти болницата и по кратко време бил пронајден мртво во дворот.
Неофицијално, причина за смртта е срцев застој.
-Во ургентниот центар е донесен со екипа на итна медицинска помош, од таму на одделение за психијатрија, хирургија и неврохирургија каде е уредно прегледан и упатен на рендген, каде што не се јавил. После тоа ја напуштил болницата – рекоа од битолската болница.
Но, дали 39 – годишникот имал видливи траги од насилство, што точно утврдиле прегледите и дали физичката пресметка е причина за смртта, допрва треба да се дознае.
Обдукцијата е во тек.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По тепачка, мистерија во Битола: Оној кој…
Се случи пресврт во настанот кој ја…
Венс: Судирот со Иран не е војна
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека…
Германија истражува нов обид за саботажа на…
Германската полиција истражува обид за саботажа на…
Во Кичево уапсен осуденик баран со потерница
На 03.09.2026 во 14:00 часот во Кичево, полициски службеници од…
Кривична за Канаѓанецот кој се обиде нелегално…
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Џ.А.С.(37)…