Побаран притвор за кумановец кој во автомобилот имал куфер со 5 килограми марихуана
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Куманово, бидејќи постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
– Во автомобил со кој управувал осомничениот во Скопје полицијата пронашла околу пет килограми марихуана, спакувана во вакумирани најлонски ќеси ставени во куфер во багажникот, соопшти денеска ЈОРСМ.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Побаран притвор за кумановец кој во автомобилот…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за…
Италија го осуди ослободувањето на сопственикот на…
Италијанската влада денес го осуди ослободувањето на…
Трамп: САД ја преземаа нафтата од запленетите…
Соединетите Американски Држави ја презеле нафтата која…
„Марш за ангелите“ во Кочани: Ќе бидеме…
Под силен емотивен притисок и со порака…
Татко ја претепал 16-годишната ќерка во семејниот…
Полициски службеници од СВР Штип го привеле…