Повеќе делови од Скопје во вторник ќе бидат без струја по неколку часа
Поради планирани технички зафати, мрежни активности и поставување нова инфраструктура, дел од корисниците на електричната мрежа во Скопје и околните места утре по неколку часа ќе бидат без струја, соопштија надлежните.
Во Општина Бутел, поради активности во ТС „Бутел 24“, прекин во снабдувањето ќе има од 07:55 до 09:55 часот на дел од улиците „Никола Петров“, „Грујица Војвода“ и „Македонска бригада“.
Во истиот период, поради зафати во ТС „Бутел 30“, без струја од 10:15 до 12:15 часот ќе бидат корисниците на дел од улиците „Бетовенова“ и „Адем Кастрати“.
Во Општина Шуто Оризари, прекинот е најавен од 08:30 до 11:00 часот. Без електрична енергија ќе останат корисниците на дел од улицата „Гвадалахара“, во близина на гробиштата во Бутел, како и корисник на улицата „Мак. Косовска“ бр. 42.
Прекин е најавен и во Општина Илинден, во населеното место Кадино. Поради активности во ТС „Бела Земја 5“, односно замена на празнини, демонтажа на стар и монтажа на нов дрвен столб, електрична енергија нема да има од 09:00 до 13:00 часот. Во овој период без струја ќе бидат жителите и објектите на улиците „10“ и „521“ во Кадино.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…
Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…
Автосервис во Штип крадел струја: Штетата е…
Во сервис за возила на улица „Железничка“…
Делови од Ѓорче Петров и Петровец денеска…
Корисниците во делови од Ѓорче Петров и…
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска…
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска…
Без струја делови од Гази Баба и…
Регионалниот центар за управување со кризи на…