Повикана Брза помош, на еден од обвинетите за трагедијата во Кочани не му било добро

t

Со изведување докази на обвинителите, денеска продолжи судењето за пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.

На судењето обвинителите приложија докази – видео снимки и фотографии поврзани со објектот – клубот „Пулс“ од критичната вечер, па и низ годините во минатото кога работел.

– Ќе може да видите дека постојат околности што се однесуваат на безбедносно значајни аспекти за работењето на овој клуб, правно лигитимиран како кабаре – беше кажано на денешното судење.

Во судницата беше соопштено дека е повикана Брза помош, затоа што на еден од обвинетите не му било добро, по што е дадена пауза.

Судењето го води судијката Дијана Груевска – Илиевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повикана Брза помош, на еден од обвинетите…

Со изведување докази на обвинителите, денеска продолжи…

Мицкоски обвинува за „глодари“ и „талог на…

За наводите за шпионажа во Кабинетот на…

(Видео) Литванците бегаа во засолништа, претседателот и…

Борбени авиони на НАТО се подигнати за…

Минималната синдикална кошничка за мај 2026 година,…

Сојузот на синдикати на Македонија објави дека…

Мицкоски: Започна доградбата на ООУ „Јоаким Крчовски“…

Започна доградбата на ООУ „Јоаким Крчовски“ во…