Мицкоски: Започна доградбата на ООУ „Јоаким Крчовски“ во Ѓорче Петров

t

Започна доградбата на ООУ „Јоаким Крчовски“ во Ѓорче Петров, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски кој беше на поставување на камен-темелник на доградбата.

– Уште еден од низата проекти коишто беа планирани за реализација. Би сакал да се заблагодарам на градоначалникот, на советниците коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата, на пратеникот којшто доаѓа од општината Ѓорче Петров, на колегите од Владата, на министерството за образование и наука, за посветената работа, трудот којшто го вложуваат, поддршката којашто ја даваат, бидејќи не е лесно да се износат сите овие проекти до фаза на реализација.

Очекувам дека наскоро и овој проект ќе биде готов, како што кажа и градоначалникот сите оние технички и би рекол инфраструктурни капацитети коишто ќе ги има овој објект ќе бидат додадена вредност во образовниот процес на нашите најмили, а тоа се децата.

Така што ние како Влада продолжуваме посветено да работиме, тоа што го ветивме тоа и го исполнуваме, рече Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…