Повредените и семејствата на загинатите во пожарот во Кран-Монтана ќе добијат по 10.000 франци

t

Сите повредени лица и семејствата на загинатите во пожарот што избувна во новогодишната ноќ во бар во скијачкото одморалиште Кран-Монтана во Швајцарија ќе добијат по 10.000 швајцарски франци (околу 10.740 евра), соопштија денеска властите на швајцарскиот кантон Вале, пренесе „BlueWin“.

„Еднократен износ од 10.000 швајцарски франци ќе биде обезбеден за секоја жртва што била хоспитализирана или починала“, објавија властите на овој швајцарски кантон, пренесува ТФ1.

Во соопштението се наведува дека станува збор за итна, еднократна помош за жртвите од трагедијата во која загинаа 40 лица, а 116 беа повредени.

На барање на поединци и организации кои сакаат да донираат средства, отворена е посебна сметка за собирање донации, а Федералната администрација соопшти дека планира основање независна фондација за управување и распределба на собраните средства.

Кантонот Вале, како што е наведено, ќе контактира 156 лица од 19 земји, меѓу кои Швајцарија, Франција и Италија.

Покрај тоа, донесена е одлука за забрана на употребата на пиротехнички средства на места отворени за јавноста.

„Одлучивме да ја забраниме употребата на пиротехника на места отворени за јавноста“, соопшти владата на кантонот Вале.

Кантонот минатата недела воведе слична забрана по смртоносниот пожар во Кран-Монтана, објави Swissinfo, а пренесе Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повредените и семејствата на загинатите во пожарот…

Сите повредени лица и семејствата на загинатите…

Тримесечен притвор за сопственикот на опожарениот бар…

Кантоналниот суд на швајцарскиот кантон Вале денеска…

Скијачи формираа срце во спомен на жртвите…

Стотици скијачи се собраа на снежна падина…

Идентификувани сите 40 жртви од трагедијата во…

Швајцарската полиција ги идентификуваше сите 40 лица…

Марш во чест на жртвите од пожарот…

Стотици ожалостени маршираа во Кран-Монтана во неделата…