Скијачи формираа срце во спомен на жртвите во Кран-Монтана
Стотици скијачи се собраа на снежна падина во Кран-Монтана, Швајцарија, каде што заедно формираа облик на срце во знак на сеќавање на жртвите од смртоносниот пожар за време на новогодишната ноќ во локалнииот бар „Ле Констелејшн“, во кој загинаа 40 лица, а повеќе од 100 беа повредени.
Иницијативата беше предводена од Швајцарското училиште во Кран-Монтана и различни скијачки клубови од регионот. На нив им се приклучи и Туристичко-конгресната организација на Кран-Монтана.
Видеото беше снимено во скијачката област Кран-Монтана, на падината Белалуи, каде што се одржуваат стартовите за машкиот спуст во Светскиот куп.
Туристичкиот одбор на Кран-Монтана процени дека околу илјада луѓе учествувале во формирањето на срцето.
Локалните власти соопштија во вторникот дека од 2019 година не биле извршени противпожарни инспекции во швајцарскиот бар каде што пожарот, кој избувна за време на новогодишна забава. Истражителите изјавија дека веруваат дека прскалките поставени врз шишиња шампањ го предизвикале пожарот во барот „Ле Констелејшн“ во туристичкиот град Кран-Монтана, кога биле премногу блиску до таванот.
Властите истражуваат дали звучноизолациониот материјал на таванот бил во согласност со прописите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двајца 16-годишни платени убијци отворија оган за…
Трагичен настан ја потресе еквадорската јавност за…
Трагедија во САД: Семејството Дончеви од Масачусетс…
Тргнале на семејна прослава и отидоа во…
Трагедија во Пинтија: Жена загина по пожар…
Жена почина откако пожар избувнал во куќа…
(Видео) Трагедија во Кина, повеќе од 80…
Експлозија на гас во рудник за јаглен…
Оперскиот пејач Ристе Велков и неговиот син…
Оперскиот пејач Ристе Велков и неговиот син…