Повторно неколку дена не функционира апликацијата „мој ДДВ“

t

Веќе трет ден апликацијата „МојДДВ“, со која граѓаните скенираат сметки за да добијат поврат на ДДВ, не функционира. Граѓани се жалат дека апликацијата постојано покажува дека нема „конекција со УЈП“ и со тоа им се ускратува правото на зголемен поврат на ДДВ.

Во последната година оваа мерка, која е многу популарна кај граѓаните, постојано доживува проблеми и доцнење со исплатата. Од УЈП се правдаат дека сето ова е поради технички проблем, без да наведат и други причини.

Во неколку наврати од директорката на Управата беше кажано дека оваа мерка не ја исполнило својата цел, иако, засега, не планираат да ја укинат.

Во меѓувреме, граѓаните на социјалните медиуми коментираат и се жалат за проблемите и за доцнењата, посочувајќи како главна причина најчесто дека „државата нема пари“ па затоа сето ова се случува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата денеска на вонредна седница ќе го…

Владата денеска ќе одржи вонредна онлајн седница…

Намалувањето на акцизите и на ДДВ-то за…

Владата денеска на вонредна седница до 1…

Мицкоски: ДДВ за дизелот останува 18 проценти,…

Во овој момент остануваме на мерката намалено…

(Видео) Се намалува акцизата за горива, продолжува…

Ја продолжуваме до крајот на кризната состојба…

Германија разгледува укинување на ДДВ за храна,…

Поради зголемувањето на цените на горивата, расте…