Намалувањето на акцизите и на ДДВ-то за горивата од 18 на 10 отсто ќе важи до 1 јуни

t

Владата денеска на вонредна седница до 1 јуни годинава го продолжи рокот за мерките насочени кон ублажување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните, објави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на нејзиниот фејсбук профил.

-Мерките насочени кон ублажување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните продолжуваат со примена до 1 јуни 2026 година. Одлуката ја донесе Владата денеска на вонредна седница. Овие мерки се соодветен одговор на економските предизвици и неизвесностите со кои се соочуваат сите држави на меѓународните пазари на енергенси, напиша Димитриека Кочоска на ФБ.

Како Влада и Министерство за финансии, посочи, обезбедуваме стабилност и предвидливост, намалување на инфлаторните притисоци, поддршка на економијата и зачувување на стандардот на граѓаните.

Претходната одлука на Владата за намалување на акцизите на горивата и на ДДВ-то за бензините од 18 на 10 отсто истекува во понеделник на 18 мај. Со продолжувањето на рокот и во наредните две недели горивата ќе се продаваат по пониски цени. Воедно во понеделник истекува и рокот на попустот што го два најголемиот увозник на нафтени деривати во земјава ОКТА. ОКТА на најголем дел од бензинските станици во земјава им два попуст од три денари за продаден литар дизел гориво и од два за бензините.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Криза со горивото на Крим: Бензин се…

Поради недоволните залихи на гориво, продажбата на…

Цената на нафтата се зголеми, откако САД…

Цените на нафтата утрово се тргуваа за…

Европа се соочува со нов раст на…

Европа повторно се соочува со летен топлотен…

Нови цени на горивата: Бензините поевтинуваат, дизелот…

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Паѓаат цените на половните автомобили во Германија

Цените на половните автомобили во Германија продолжуваат…