Објавено на:

Погба додека играше често глумеше на терен, а сега принудно тоа ќе го прави и на филм!

t

Францускиот интернационалец, Пол Погба, веќе подолг период е надвор од теренот, прво поради повреди, а потоа и поради четиригодишната суспензија по допинг-скандал, поради што реши да почне да прави други работи во животот меѓу кои е и да – сними филм.

Некогашниот репрезентативец на Франција и додека беше на теренот важеше за врвен „актер“ со своите театрални потези при изнудување пенали, прекршоци, картони, па дури и изведување казнени удари, па сега тој свој талент ќе го пренесе каде што реално и ќе му треба.„Паризиен“ објави дека Погба ќе има улога во филмот „4 нули“ на режисерот Фабиен Онтениенте, кој е е продолжување на филмот „3 нули“, кој во 2002 година привлече повеќе од 1.2 милиони гледачи. Погба ќе ја има улогата на тренер на младинскиот тим, а во главна улога е талентиран тинејер од Коморските Острови, кој е означен како новиот Килијан Мбапе и сонува да стане ѕвезда на ПСЖ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лидерите на „ВРЕДИ“ на средба со Албин…

Косовскиот премиер Албин Курти вчера беше домаќин…

Трагично згасна животот на 18 годишен матурант…

Средното стручно општинско училиште „Моша Пијаде“- Тетово…

СЕ УРНА ХЕЛИКОПТЕРОТ НА ЛИДЕРОТ НА ИРАН!…

Хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси доживеа…

Мицотакис ја повикува Сиљановска Давкова да избегне…

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, преку интервјуто за…

Таравари: Сѐ уште е рано за да…

Колку министерства ќе води Коалицијата „Вреди“ во…