Подгответе се за снег и студ: УХМР со најнова прогноза

t

Македонија влегува во период на нестабилно време со пообилни врнежи, а на планините се очекува формирање на нова снежна покривка. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде предупредување за интензивни врнежи во одредени региони.

„Во следните два дена ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 25 l/m² за 24 часа). На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка до 15 сантиметри“, информираат од УХМР.

Според метеоролозите, вистинскиот пресврт доаѓа во четврток кога студениот бран ќе донесе снег и во пониските предели.

„Поради спуштање на постуден воздух од север, во четврток врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Од петок ќе има стабилизирање на времето“, велат од Управата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Подгответе се за снег и студ: УХМР…

Македонија влегува во период на нестабилно време…

(Видео) Мециновиќ: Додека претседателката зборува за топење…

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, на денешната…

ИРЛ отвора сериозни сомнежи: Жртвите во „Пулс“…

Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) објави дека обдукциските…

Хрватска ги полни касарните: Министерството за одбрана…

Околу 200 лица кои поминале лекарски прегледи…

Почина фудбалската легенда Васил Рингов на 70-годишна…

Денес (23.12) почина Васил Рингов – фудбалерот…