Почина фудбалската легенда Васил Рингов на 70-годишна возраст

t

Денес (23.12) почина Васил Рингов – фудбалерот кој се смета за еден од најдобрите во Македонија.

Тажната вест е потврдена со објава на официјалниот Фејсбук профил на Фудбалската репрезентација на Македонија.

„Денес не жалиме само за човек, туку за едно време на мерка, чест и достоинство.

Има луѓе што не си заминуваат. Само се повлекуваат чекор наназад, за да нè гледаат од тишината.

Васил Рингов беше од тие. Тивок, исправен, свој. Фудбалот за него не беше сцена, туку одговорност. Не зборуваше многу, ама кога зборуваше, имаше тежина. Кога работеше, оставаше белег.

Денес останува споменот за човек кој веруваше дека делото е поважно од зборот, а чесноста посилна од секој резултат.

Како што велат, некои си одат, ама остануваат во игра.

Почивај во мир, драг наш Васе“, стои во објавата.

Реклама

Роден во Струмица, Васил ја почнал кариера уште во тинејџерските години во ФК Беласица, пред да почне да игра за ФК Партизан во Белград.

Има играно и за ФК Тетекс и ФК Вардар, а голем дел од 1980-тите бил и во Првата југословенска игра.

Има одиграно над 200 натпревари и до денес важи за еден од најдобрите македонски фудбалери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Муцунски: Европската комисија потврдува видлив напредок во…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…

АМЕРИКАНСКИОТ НОСАЧ НА АВИОНИ „ТЕОДОР РУЗВЕЛТ“ НЕМА…

Американскиот носач на авиони „УСС Теодор Рузвелт“,…

Фон дер Лајен: Украина мора да преговара…

Европската комисија, и покрај повиците да ѝ…

Исчезнала млада жена од Куманово

31-годишна жена од Куманово вчеравечер била пријавена…

Меланија Трамп повика на трајно примирје во…

Првата дама на САД, Меланија Трамп, денеска…