Подготовки за војна: Пентагон сака автомобилски компании да почнат да произведуваат оружје
Високи американски одбранбени претставници разговарале за производство на оружје и други воени материјали со врвни раководители на компании, вклучувајќи ги „Џенерал моторс“ и „Форд мотор“, објави „Волстрит журнал“ повикувајќи се на извори запознаени со разговорите.
Прелиминарните и широки разговори, кои започнаа пред војната во Иран, доаѓаат во време кога администрацијата на Трамп сака производителите на автомобили и другите американски компании да играат поголема улога во производството на оружје, објави „Волстрит журнал“.
Функционери на Пентагон во изјава за весникот велат дека американските производители можеби ќе бидат потребни за да ги поддржат традиционалните произведувачи на одбранбени проекти и прашаа дали компаниите би можеле брзо да се префрлат на оваа работа.
Во написот се додава дека меѓу компаниите вклучени во разговорите со одбранбените претставници биле и „ГЕ аероспејс“ и производителот на возила и машини „Ошкош“.
Во врска со пишувањата на „Волстрит журнал“, агенцијата Ројтерс побарала одговори од компаниите што биле вклучени во разговорите, но сè уште не добиле одговор.
Претставник на Пентагон преку соопштение изјавил за Ројтерс дека Министерството за одбрана е посветено на брзо проширување на одбранбената индустриска база со искористување на сите достапни комерцијални решенија и технологии за да се обезбеди војниците да одржат одлучувачка предност.
Трамп се сретна со раководители од седум изведувачи на одбранбени производи во март, додека Пентагон работи на надополнување на резервите што се користат во американските напади врз Иран и други неодамнешни воени операции.
Откако Русија ја нападна Украина во 2022 година и воените операции на Израел во Газа, САД ги намалија резервите од оружје во вредност од милијарди долари, вклучувајќи артилериски системи, муниција и противтенковски ракети.
Трамп овој месец побара масовно зголемување на воениот буџет од 500 милијарди долари на 1,5 трилиони долари, во услови на војната на САД против Иран.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Подготовки за војна: Пентагон сака автомобилски компании…
Високи американски одбранбени претставници разговарале за производство…
„НЕКА КРЕНЕ РАКА АКО НЕКОЈ НЕКОГАШ ПОМИСЛИЛ…
Албанскиот премиер Еди Рама со објава на…
Мајка на ученик нападна наставничка на родителска…
МВР информира дека синоќа во 22:10 часот…
(Видео+Документ) Димитријевиќ: СДСМ поднесе кривична пријава против…
СДСМ поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство…
Ниту еден сведок денеска не се појави…
На денешното рочиште за пожарот во т.н.…