Објавено на:

„НЕКА КРЕНЕ РАКА АКО НЕКОЈ НЕКОГАШ ПОМИСЛИЛ ДЕКА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЊУЈОРК ЌЕ ПОБАРА АЛБАНСКО ДРЖАВЈАНСТВО“: Рама објави фотографија од Адамс со албанска национална капа

t

Албанскиот премиер Еди Рама со објава на социјалните мрежи откри дека градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, изразил желба да стане албански државјанин по посетата на Тирана.

Рама во својот статус наведува дека ваквиот потег бил неочекуван.

„Кој можеше да замисли дека градоначалникот на Њујорк ќе побара албански пасош? Никој“, напиша Рама.

Тој појасни дека Адамс е долгогодишен пријател на албанската заедница во Њујорк и дека претходно ветил дека ќе ја посети Албанија пред крајот на својот мандат.

„Кога дојде во Албанија, толку многу му се допадна Тирана што праша: Може ли да станам граѓанин на овој мал Њујорк, кој никогаш не го замислував толку привлечен?“, напиша Рама.

Според него, со оваа симболична порака, градоначалникот на Њујорк станал еден вид амбасадор на Албанија.

„Така, градоначалникот на најпознатиот град во светот стана, по закон и по традиција, амбасадор на обновената Албанија“, додаде Рама.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Војната ескалира: САД започнаа нови напади врз…

Војската на Соединетите Американски Држави соопшти дека…

Германија ја обвини Русија за нападот со…

Германија официјално ја обвини Русија за организирање…

Татко го нападнал малолетниот син, мајката вели…

Триесет и петгодишен маж од скопско е…

„Ако знаеле, зошто не постапиле – 63…

Здружението 16 март 2025 реагира на денешното…

Два танкери со саудиска нафта биле нападнати…

Два супертанкери што превезувале саудиска нафта биле…