Поднесено обвинение за тешка кражба на кабли од кругот на скопска „Железара“
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против тројца соизвршители на кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Во првите денови од март годинава, од кругот на фабриката „Железара“, обвинетите украле различни видови кабли вредни вкупно 196.500 денари, сопственост на правно лице од Кавадарци. При кражбата оштетиле и кабел кој бил дел од јавна електрична инсталација, вреден 800.000 денари. Кога ги натовариле каблите во автомобил и се обиделе да ги изнесат од кругот на фабриката, обвинетите биле откриени и лишени од слобода.
Со поднесеното обвинение јавниот обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за еден од обвинетите, додека за останатите двајца на сила се мерки на претпазливост.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поднесено обвинение за тешка кражба на кабли…
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство…
РЕЗИЛ: Гости во Зоолошка му украдоа пола…
Војо Иванов, вработен во Зоолошката градина во…
Вработен во банка во Велес „здиплил“ 4.000…
СВР Велес поднесе кривична пријава против П.Џ.(27)…
Скопјанец осомничен за затајување
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
Маж ја удирал со тупаници и шлаканици…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…