Поднесено обвинение за тешка кражба на кабли од кругот на скопска „Железара“
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против тројца соизвршители на кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Во првите денови од март годинава, од кругот на фабриката „Железара“, обвинетите украле различни видови кабли вредни вкупно 196.500 денари, сопственост на правно лице од Кавадарци. При кражбата оштетиле и кабел кој бил дел од јавна електрична инсталација, вреден 800.000 денари. Кога ги натовариле каблите во автомобил и се обиделе да ги изнесат од кругот на фабриката, обвинетите биле откриени и лишени од слобода.
Со поднесеното обвинение јавниот обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за еден од обвинетите, додека за останатите двајца на сила се мерки на претпазливост.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Додека вработениот бил на петочна молитва,…
Маскирани разбојници денеска, сред бел ден, влегоа…
Украдена Пресветата Причест од католичката црква „Свети…
Кражба во католичката црква „Свети Јосиф“ на…
Украдени злато, пари и службена „дачиа“ на…
Во текот на викендот биле украдени злато,…
Кочанскиот обвинител бара јавно извинување од Ива…
Обвинителот од Основното јавно обвинителство Кочани, Игорчо…
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…