Пожар во село Чифлик – општина Сопиште, направен е обрач, гаснат и „ертракторите“
Голем пожар попладнево избувна на територијата на Општина Сопиште, зад Водно, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Тој посочи дека Дирекцијата ќе интервенира и од воздух.
„Три ‘ертрактори’ учествуваат во гаснењето на пожарот на територијата на Општина Сопиште, зад Водно“,кажа Ангелов.
Градоначалникот на Сопиште, Јане Мицевски, во изјава за „360 степени“ вели дека пожарот, кој избувнал над самото село Чифлик засега е под контрола, благодарение на интервенцијата на скопската противпожарна бригада, ДЗС, како и доброволното друштво и месното население. Населението е вон опасност, а направен е коридор за да се спаси шумата на Водно.
„Пожарот сега засега е под контрола, вон опасност се објектите во населено место Чифлик. Останува мал активен дел надвор од селото во правец према Водно. Опколен е, меѓутоа пристап немаме бидејќи се работи за длабок, стрмен терен, очекуваме интервенција од воздух со ертракторите“,вели Мицевски.
На терен интервенираат и четири пинцгауери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали би се пријавиле: Италија бара доброволци…
За многумина, престојот во италијанските Алпи е…
Француската амбасада во Конго во центар на…
Видео од француската амбасада во Конго, кое…
Кривична за полицаец кој удрил лице во…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
Мерџановски: Со владиниот авион во Скопје транспортиран…
Пациент од Скопје кој се здобил со…
Иран има шест услови за САД за…
Иран нема повторно да го отвори Ормутскиот…