Пожар во станбена зграда во Штип, две лица повредени

t

Министерството за внатрешни работи информира дека 02.01.2026 во 15:01 часот во СВР Штип е пријавено дека околу 06:00 часот настанал пожар на оџак во стан на ул.„9 Мај” во Штип, сопственост на С.А.(41) од Штип.

Поради вдишување на чад,  неговата мајка Д.А.(65) и неговата 39-годишна сестра С.Д., двете од Штип, биле спроведени во Комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје за укажување на лекарска помош. Од пожарот е зафатен и друг стан, сопственост на Л.К.(61) од Штип.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип пожарот бил локализиран. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожар во станбена зграда во Штип, две…

Министерството за внатрешни работи информира дека 02.01.2026…

(Видео) Пожар во Штип: Гореше отпад, зафатен…

На 22.12.2025 во 23:11 часот во СВР…

Мајка на еден од обвинетите за убиството…

Педест и две годишна турска државјанка, мајка…

Штипјанец запалил оган пред домот и го…

СВР Штип поднесе кривична пријава против М.…