Пожар кај Градско, пренасочени ер-тракторите од Китка

t

Пожар избил денеска на територијата на Општина Градско, во атарот меѓу селата Горно Чичево и Долно Чичево, а поради брзото ширење на огнот биле пренасочени и ер-тракторите кои интервенирале на пожарот на планината Китка, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, пренесе МИА.

Според Ангелов, пожарот избил околу 11 часот, најверојатно на стрниште, но поради високата и сува трева и силниот ветер брзо се проширил и претставувал опасност за двете села.

По барање на градоначалникот на Градско, веднаш биле испратени противпожарни екипи од Велес, Неготино и Кавадарци. Сепак, поради брзината со која се ширел пожарот, било проценето дека се потребни дополнителни сили.

-Ги пренасочив ер-тракторите, кои од рано утрово дејствуваа на големиот пожар на планината Китка. Тие помогнаа во почетното ставање под контрола на пожарот, а веднаш потоа продолжи со дејство и полицискиот хеликоптер – изјави Ангелов.

Во гаснењето се вклучиле и жители од околните населени места, кои со трактори помогнале во изработката на противпожарни пресеки за да се спречи понатамошното ширење на огнот.

Ангелов изрази благодарност до локалното население и посочи дека очекува пожарот наскоро да биде целосно изгаснат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожар кај Градско, пренасочени ер-тракторите од Китка

Пожар избил денеска на територијата на Општина…

Лефков: Грижата на талогот од СДС и…

Венко Филипче како прв човек на СДС,…

Мицкоски за Филипче: Не би сакал да…

Јас можам за прв пат да се…

Финансиска полиција: Сопственик на фирма осомничен дека…

Управата за финансиска полиција до Основното јавно…

Ал Шара: САД ја отстрани Сирија од…

Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара ја поздрави одлуката…