Пожарот во борова шума кај Црник е под контрола
Голем шумски пожар попладнево избувна во борова шума во атарот на селото Црник, Општина Пехчево, во близина на границата со Бугарија. Пожарот зафатил голема површина, а во гаснењето биле ангажирани локални пожарникари, вработени во шумските претпријатија и доброволци.
Градоначалникот на Пехчево, Александар Китански, информира дека во моментот кога била добиена информацијата за пожарот, дел од расположливите сили од Пехчево и Берово веќе биле ангажирани на пожарот кај селото Бигла во Делчевско.
По добиената информација, дел од силите биле повлечени и упатени кон пожарот кај Црник. Во гаснењето се вклучиле Територијалната противпожарна единица од Берово, шумските претпријатија од Пехчево и Берово, како и доброволци од Доброволното противпожарно друштво од Пехчево. На барање на градоначалникот, во гаснењето интервенирале и ер-трактори, кои претходно биле ангажирани на пожарот кај Бигла. Леталата извршиле повеќе налети и исфрлиле вода врз огнената линија, со што помогнале пожарот да биде локализиран и ставен под контрола. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, на терен оцени дека станува збор за пожар во борова шума кој зафатил голема површина и предупреди дека опасноста сè уште не е целосно мината. „Сè уште се гледа чад. Се надевам дека е добро заокружен, дека нема да побегне надвор“, рече Ангелов, посочувајќи дека пожарите во борова шума, според досегашното искуство, тешко се гаснат. Планот е во текот на утрешниот ден пожарот целосно да биде изгаснат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пожарот во борова шума кај Црник е…
Голем шумски пожар попладнево избувна во борова…
Што се крие под Самуиловата тврдина? Археолозите…
Под ѕидините што денес најчесто ги поврзуваме…
Сипаниците кај овците предизвикуваат катастрофа во сточарството…
Болеста на сипаници кај овците предизвикува големи…
Пијан мотоциклист тешко повреден во сообраќајна несреќа
На 22.08.2026 во 16:30 часот во СВР…
Ја нападнале продавачката во маркет, а потоа…
Двајца жители на скопско Идризово се приведени…