Позната компанија вработува 12.000 сезонски работници пред празниците
Пред празничната шопинг-манија, Amazon започна масовен бран на вработувања, барајќи околу 12.000 сезонски работници низ Германија за да се справи со рекордната побарувачка и проширувањето на логистичките капацитети.
Компанијата веќе почна да доделува договори во повеќе германски градови, пред сè пред „Црниот петок“, а процесот продолжува како што се приближуваат Божиќните празници. Нововработените ќе работат во логистичките центри, главно на сортирење и обработка на пакети. Во програмата не се вклучени возачи на достава, кои работат како надворешни соработници.
Сезонските договори траат до крајот на годината, а потребата за дополнителен кадар расте и поради отворањето на нови логистички пунктови, меѓу кои и два дистрибутивни центри.
Amazon Германија моментално има околу 40.000 постојани вработени, а секоја година пред празниците ја зголемува работната сила за да го поддржи огромниот раст на онлајн нарачките.
Според германската Федерална агенција за мрежи, Amazon е втор најголем доставувач во земјата, веднаш по DHL, а само во последната деценија испорачал околу пет милијарди пакети во Германија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Позната компанија вработува 12.000 сезонски работници пред…
Пред празничната шопинг-манија, Amazon започна масовен бран на…
(Видео) Изгубен град пронајден во длабочините на…
Археолозите открија изгубен колонијален град од 18…
Амазон треба да им плати 1,9 милиони…
Амазон треба да плати 1,9 милиони долари…
Џеф Безос продаде акции во Амазон и…
Џеф Безос оваа недела продаде 12 милиони…
Левица: Наместо капитални инвестиции, нови 54 вработувања…
Од политичката партија Левица реагираат на годишниот…