Левица: Наместо капитални инвестиции, нови 54 вработувања во Општина Кисела Вода

t

Од политичката партија Левица реагираат на годишниот план на Општината Кисела Вода со кој се предвидува вработување на 54 нови лица.

– Кревката финасиска состојба на Општина Кисела Вода ќе се обремени со дури 54 нововработени лица со годишниот план за 2024 година, кој беше изгласан денес на совет со што бројката од 140 ќе се зголеми на 194 вработен.

Се поставува прашањето дали Општината има реална потреба од нови вработувања или станува збор за “партиски војници” кои треба да се вработат пред избори. Наместо финансиите да се насочат кон капитални инвестиции во интерес на граѓаните со што би се подобрил стандардот на хумано живеење, Општината ќе троши народни пари за вработување и исполнување на дадените ветувања кон своето членство.

Левица се залага и ќе се залага во иднина ваквата пракса да се искорени и Општината да престане да биде биро за вработување на партиското членство. – велат од партијата.