„Покажа професионалност и посветеност“: ВЛЕН му се заблагодарија на Фетаи за досегашниот ангажман во владата

t

По повод оставката на Арбен Фетаи од функцијата заменик-претседател на Владата задолжен за добро владеење, од ВЛЕН, како што велат, изразуваат благодарност за неговиот досегашен ангажман, коректност и придонес.

„Во извршувањето на оваа одговорна функција, Фетаи покажа сериозност, професионалност и посветеност кон принципите на добро владеење, отчетност и институционална одговорност. Ја почитуваме неговата одлука и истовремено му се заблагодаруваме за соработката и придонесот што го даде во овој период. На г. Фетаи му посакуваме добро здравје, успех и сѐ најдобро во иднина“, велат од партијата по оставката на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи.

Тој денеска, по речиси три месеци непојавување на работното место, на социјалните мрежи објави дека поднел оставка од функцијата и истата ја доставил до премиерот Христијан Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Покажа професионалност и посветеност“: ВЛЕН му се…

По повод оставката на Арбен Фетаи од…

Условна казна за членот на обезбедување во…

На денешното рочиште обвинетиот призна вина и…

ВЛЕН за првпат одржува седница на Централното…

За првпат од своето формирање како обединета…

Влада: Мерката за намалување на акцизите на…

Владата на денешната седница донесе одлука да…

Владата денеска на вонредна седница ќе го…

Владата денеска ќе одржи вонредна онлајн седница…