Полска ги крена превентивно воените авиони поради рускиот напад врз Украина
Полската армија ги крена борбени авиони, а властите во Полска привремено ги затворија аеродромите во Жешов и Лублин поради масовниот напад на Русија врз Украина, објавија денес полските власти.
Оперативната команда на вооружените сили нагласи дека овие акции се од превентивен карактер и имаат за цел обезбедување на воздушниот простор, објавува полската ТВН24.
Поради воената операција, аеродромите во Жешово и Лублин беа привремено затворени, објави денес Полската агенција за воздушен сообраќај (ПАНСА).
Како што објавија украинските медиуми, руските војници утрово масовно ја напаѓаат Украина со ударни беспилотни летала, а во голем број региони е прогласена воздушна тревога, објавува Танјуг
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полска ги крена превентивно воените авиони поради…
Полската армија ги крена борбени авиони, а…
Трамп: Би било подобро Украина да седне…
Украина треба да покаже отвореност за преговори…
Лукашенко: Нема сила што може да ги…
Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, денеска изјави дека…
Навроцки: Полска треба да започне со развој…
Полскиот претседател Карол Навроцки смета дека неговата…
Украина ќе добие нови пакети поддршка од…
Претседателот Володимир Зеленски најави нови пакети за…