Полска ќе ја минира границата со Русија, излезе од Отавската конвенција
Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека Варшава наскоро ќе може да ги минира своите источни граници со Русија, откако Полска денеска официјално излезе од Отавската конвенција, која ја забранува употребата на противпешадиски мини, објави „Јуроњуз“.
Во четвртокот, Туск го претстави „Блушч“ или „Брчка“ – хибриден систем за поставување мини, дизајниран за скришност и за автономно дејствување, кој Полска планира да го воведе како дел од зајакнувањето на одбранбените капацитети на источниот фронт.
–Денес видовте кратка презентација на можностите на системот „Блушч“. Во тек е финализирањето на овој проект за минирање во рамки на „Источниот штит“, кој е клучен за нашата безбедност, нашата територија и за нашата граница. Ова ја вклучува и способноста што наскоро ќе ја постигнеме, можноста да ја минираме полската граница во случај на закана во рок од 48 часа – изјави Туск.
Варшава им се придружи на Финска, Украина и на балтичките земји
Варшава им се придружи на Финска, Украина и на трите балтички земји – Естонија, Латвија и Литванија – кои уште во август минатата година најавија дека формално ќе се повлечат од меѓународната конвенција, наведувајќи дека имаат потреба од употреба на копнени мини за зајакнување на граничната одбрана.
Овие земји стравуваат дека по Украина, Русија би можела да ги таргетира и нив, со оглед на тоа што Москва никогаш не ја потпишала конвенцијата, а војната во Украина не покажува знаци на стивнување.
Критики поради опасноста од копнените мини
Овој потег наиде на критики бидејќи многумина се загрижени поради враќањето кон употреба на копнени мини, кои историски предизвикале сериозни последици врз цивилното население.
Противпешадиските мини се познати по тоа што предизвикале голем број цивилни жртви во постконфликтни земји како Камбоџа, Ангола и Босна и Херцеговина.
Отавската конвенција, потпишана во 1997 година со цел заштита на цивилите, се однесува исклучиво на противпешадиски мини, што значи дека други видови, како противтенковските мини, за кои е потребна поголема тежина за активирање, се дозволени според договорот.
Америка, Кина и Русија никогаш не ѝ пристапиле на Отавската конвенција
Речиси триесетина држави никогаш не ѝ пристапиле на конвенцијата, меѓу кои и некои клучни сегашни и поранешни производители и корисници на копнени мини, како САД, Кина, Индија, Пакистан, Јужна Кореја и Русија.
Полска ја ратификуваше Отавската конвенција во 2012 година и во 2016 година го заврши уништувањето на своите домашни залихи на противпешадиски мини.
Но, политичките лидери во земјата веќе зборуваат за повторно започнување на домашното производство веднаш штом Полска формално ќе излезе од Отавската конвенција.
Владини претставници соопштија дека појаси со копнени мини може да бидат вклучени меѓу другите физички одбранбени елементи што го сочинуваат т.н. „Источен штит“ – систем на засилени утврдувања што Полска го гради долж границите со Белорусија и со Русија од 2024 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полска ќе ја минира границата со Русија,…
Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека Варшава…
Руски бомбардери се движеле кон Алјаска, па…
Девет американски борбени авиони беа кренати во…
Туск: Полските државјани веднаш да го напуштат…
Полскиот премиер им порача на Полјаците да…
Мерц: Мали се шансите за брз крај…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека има…
Порошенко: Никогаш не му верувајте на Путин,…
Поранешниот украински претседател Петро Порошенко му порача…