Руски бомбардери се движеле кон Алјаска, па се кренале американски борбени авиони
Девет американски борбени авиони беа кренати во воздух откако пет руски воени авиони беа забележани како се движат кон Алјаска, пренесе „Дејли мејл“.
Командата за воздушно-космичка одбрана на Северна Америка (НОРАД) соопшти дека открила и следела повеќе руски воени летала кои оперирале во Алјасканската идентификациска зона за воздушна одбрана (АДИЗ), во меѓународниот воздушен простор крај Алјаска.
Според соопштението на американско-канадската одбранбена команда, НОРАД детектирала два руски бомбардера Ту-95, два ловца Су-35 и еден авион за рано предупредување А-50 во АДИЗ-зоната на Алјаска.
Како одговор, НОРАД кренала два авиона Ф-16, два Ф-35, еден Е-3 (авион за рано предупредување) и четири танкери КЦ-135 со цел да ги пресретнат, идентификуваат и да ги придружуваат руските авиони.
Руските воени летала останале во меѓународниот воздушен простор и не навлегле во суверениот воздушен простор на САД или на Канада, соопшти НОРАД, додавајќи дека биле придружувани сè додека не ја напуштиле АДИЗ-зоната.
Од НОРАД истакнаа дека руските авиони редовно се појавуваат во АДИЗ-зоната и дека оваа активност „не се смета за закана“.
Оваа зона на Алјаска е дел од меѓународниот воздушен простор што започнува таму каде што завршува суверениот воздушен простор на САД и Канада.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина и Русија договорија голема размена на…
Украина и Русија начелно се договориле за…
Трамп го номинира Михаил Богачек за нов…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше…
Зеленски до Путин: „И јас можам да…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги изнесе…
Американски војник уапсен во Британија под сомнение…
Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…
ЧУДО: Бебе пронајдено живо откако 24 часа…
Бебе на возраст од 11 месеци е…