Поскапува лебот
Пекарниците во Штип, Кочани, Прилеп и Битола од утре најавуваат зголемување на цената на белиот леб.
Граѓани велат дека сецканиот бел леб, веќе во одредени продажни места го купуваат по повисока цена.
Пекар од Штип за тв Телма вели дека лебот одамна не добил нова цена, а трошоците за производство се значително зголемени. Проблеми очекуваат сега и со новите глобални случувања и растот на цената на енергенсите.
Според него, лебот што е сега со цена од 30 денари ќе поскапи за 3-5 денари.
Претходно поскапеа зејтинот и јајцата, а според реакциите на граѓаните растат и цените на зеленчукот на пазарите, особено на пиперките и доматите.
Трендот на поскапувања создава дополнителен притисок врз домашниот буџет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бектеши најави мерки за производителите на леб,…
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти…
За една година лебот во ЕУ поскапел…
Од август 2021 до истиот месец годинава…
Мелничарите предупредуваат: Народот ќе остане без леб…
По лавината реакции во јавноста околу поскапувањето…
Лебот во Германија може да достигне цена…
Војната во Украина доведе до големи зголемувања…
(Фото) Германските земјоделци предупредија: Цената на лебот…
Германските земјоделци предупредија на можно поскапување на…