Бектеши најави мерки за производителите на леб, масло и останати основни прехранбени производи

t

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека веќе е подготвена мерка за производителите на основните прехранбени производи, а нејзината операционализација треба да почне од 1 декември.

Како што истакна Бектеши, одговорајќи на прес-конференција во Владата, во соработка со Министерството за финансии се креираат мерки и за малите компании кои се на слободниот пазар.

Со министерот Бесими креираме мерки и за малите компании кои се на слобдниот пазар. За производителите на освните продукти, како леб и масло за јадење, Министерството за економија само што подготви мерка која треба да се операционализира од 1 декември, напомена Бектеши.

Тој уште еднаш објасни дека целта е да се намали цената на инптутите за основните производи, за да се спречи нивно поскапување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бектеши: Минималната плата во март ќе изнесува…

Министерот за економија Крешник Бектеши на својот…

Нов резил од премиерот: Бектеши зборува за…

Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше прекорен од…

Израелски медиуми: Денес беше најкрвавиот ден за…

Израелските медиуми објавија дека денес бил најкрвавиот…

Бектеши најави мерки за производителите на леб,…

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти…

Имаме па ќе даваме на други: Укината…

Владата на денешната 87. седница донесе одлука…