Објавено на:

Почина Ар Џеј Мити, актерот кој го играше синот на Волтер Вајт во „Брејкинг бед“

t

Американскиот актер Ар Џеј Мити, најпознат по улогата на Волтер Вајт Џуниор во хит-серијата „Брејкинг бед“, почина на 34-годишна возраст.

Според американските медиуми, Мити починал во понеделникот, 12 октомври, во Тексас. Неговата смрт била потврдена од локалните власти.

ТМЗ објави дека станува збор за самоубиство, додека надлежните органи продолжуваат да ги истражуваат околностите околу неговата смрт.

Мити се стекна со светска популарност со улогата на Волтер Вајт Џуниор, синот на главниот лик Волтер Вајт, кој го толкуваше Брајан Кренстон. Во серијата се појави во 56 епизоди и беше еден од препознатливите ликови на „Брејкинг бед“.

По успехот на серијата, Мити продолжи со актерската кариера и се појави во повеќе филмски и телевизиски проекти, меѓу кои „The Oak Room“, „The Recall“ и „The Guardians of Justice“.

Покрај актерството, Мити беше познат и по неговото залагање за поголема застапеност на лицата со попреченост во филмската и телевизиската индустрија.

Тој имаше блага форма на церебрална парализа, исто како и ликот што го играше во „Брејкинг бед“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина Ар Џеј Мити, актерот кој го…

Американскиот актер Ар Џеј Мити, најпознат по…

Стотици случаи на детски бракови во Германија:…

Во германската покраина Баден-Виртемберг се регистрирани стотици…

Четворица тешко повредени во групна тепачка во…

Четири лица се здобиле со тешки телесни…

Македонската атлетика има нов рекордер: 14-годишната Јана…

Македонската атлетика доби уште едно младо име…

Дарио Ивановски обезбеди пласман на Светското првенство…

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски обезбеди пласман на…