Почина дебранец при пад од зграда на која работел
Жител на Дебар денеска претпладне го загуби животот кога паднал од станбена зграда во изградба, каде што извршувал работни задачи. Од добиените тешки повреди тој починал на пат кон Општата болница со проширена дејност во Дебар.
Како што информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, околу 11.35 часот Одделението за внатрешни работи Дебар добило пријава од Итната медицинска помош дека на пат кон болницата починал К. бС. (40) од Дебар.
– Денеска околу 11.35 часот во Одделението за внатрешни работи од Итната медицинска помош е пријавено дека на пат кон болницата во Дебар починал К. С. (40), жител на градот. Според пријавеното, околу 11.15 часот тој паднал од зграда во изградба на улицата Братство единство во Дебар, каде што работел, и на пат кон болницата починал, изјави Димоски.
На местото на настанот излегле јавен обвинител и трудов инспектор, а увид извршила екипа од ОВР Дебар.
Според информации од жители на Дебар, станува збор за нивен сограѓанин, кој работел на поставување врати и прозорци на објектот. Тие го опишуваат како добро и вредно момче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина дебранец при пад од зграда на…
Жител на Дебар денеска претпладне го загуби…
Малолетници тепале ученик во училиште во Дебар
Во училиште во Дебар малолетници претепале ученик,…
Хорор во дебарско – жена грабната, тепана…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Л.(26)…
Кучиња во Дебар подбркале белгиски планинари, се…
Во ОВР Дебар, вчера околу 19 часот…
Приведени две лица од Дебар поради предизвикување…
Приведени две лица во Дебар поради предизвикување…