Кучиња во Дебар подбркале белгиски планинари, се качувале по бандери за да се спасат
Во ОВР Дебар, вчера околу 19 часот бил примен повик за помош, од белгиски државјани кои планинареле во планинскиот појас над градот, но биле нападнати од кучиња.
По добиената информација дека се наоѓаат во близина на селото Новак, општина Центар Жупа, полицијата со теренско возило веднаш се упатила кон местото. Заедно со ловочуварот од селото Новак, биле пронајдени тројцата планинари, белгиски државјани Л.М. (42), М.Л.К. (62) и Ј.Ј. (41). Тие биле безбедно пренесени до автомобилот.
Планинарите појасниле дека откако поставиле камп шатор, ги нападнале овчарски кучиња и се качувале на бандера за да се заштитат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Насилник од Дебар узурпирал државен објект, со…
52-годишен жител на Дебар доби кривична пријава…
Во октомври „Лајка“ заловила и третирала 173…
Во текот на октомври службите на „Лајка“…
Мајка бара итна реакција од институциите откако…
Скопјанка на социјалните мрежи сподели дека три…
Кучиња нападнале мајка со малолетни деца во…
Две кучиња нападнале мајка со дете во…
(Видео) Улични кучиња нападнале човек во Општина…
На улиците на Општина Карпош се забележуваат…