Објавено на:

Почина Един Авдиќ, најпознатиот спортски коментатор на Балканот

t

На само 47 години почина Един Авдиќ, најпознатиот спортски коментатор на Балканот. Веста за неговата смрт ги потресе бројните пријатели, познаници и спортски работници, кои се простија од него со емотивни пораки на социјалните мрежи.

Со години работеше како коментатор за ТВ Арена Спорт, беше препознатлив по своите коментари за натпреварите заедно со Ненад Костиќ.

Особено е запаметен по легендарниот пренос на кошаркарската репрезентација на Босна и Херцеговина против Литванија и познатото „од паркингот“. Един Авдиќ почина на 47-годишна возраст, а причината за смртта сè уште е непозната.

Роден е во 1979 година во Сараево, а своите први спортски чекори како кошаркар ги направи во младинските категории на КК Босна. Сепак, наскоро својата кариера ја насочи кон новинарството и коментаторската работа, каде што доби најголемо признание.

Со текот на годините, тој стана синоним за преносите од Евролигата, НБА лигата и АБА лигата, а е особено ценет по начинот на кој ги комбинира стручноста, статистиката и интересните детали од играта. Долги години работеше за „Арена Спорт“, каде што беше еден од главните кошаркарски коментатори, а неодамна имаше и многу успешни емисии и подкасти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството бара притвор, осомничените нудат милионски гаранции…

Основното јавно обвинителство отвори истрага против четири…

Спречен хибриден напад на Црна Гора?

Група од 87 луѓе, од кои некои…

Тошковски за наводната „шпионска афера“: Обвинителството го…

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во…

Савески за случајот „Мазут“: Подобро запирање на…

Државниот јавен обвинител изненаден од политичките реакции,…