Почина истакнатиот играорец на „Танец“, Симеон Чулев

t

Националниот Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ со длабока почит ја информира јавноста за одржување на комеморативна седница во спомен на својот долгогодишен истакнат играорец и солист, Симеон Чулев.

Симеон Чулев беше нераскинлив дел од играорниот кор на „Танец“, оставајќи траен и неизбришлив белег во историјата на ансамблот и во македонската фолклорна уметност.

Комеморативната седница ќе се одржи во вторник, на 16 декември 2025 година, со почеток во 09:30 часот, во просториите на Ансамблот за народни игри и песни „Танец“.

На седницата, сите соработници, пријатели и колеги ќе се потсетат на неговиот исклучителен уметнички придонес, посветеност и богата кариера во ансамблот.

Посмртните останки ќе бидат изложени во капела Бутел од 11:30 до 12:30 часот, а погребот ќе се одржи на гробиштата Камник – населба Ченто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина истакнатиот играорец на „Танец“, Симеон Чулев

Националниот Ансамбл за народни игри и песни…

Филипче: СДСМ интензивно работи на разоткривање на…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва изјави…

Газдата на „Дурмо турс“ бара ново одложување…

Дурмиш Белули, газдата на „Дурмо турс“, осуден…

Руски дипломат: На работ сме на договор…

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј…

Како да му веруваме на Мицкоски за…

„Дали не беше за премиерот Преспанскиот договор…