Почна примената на „Безбеден град“ во подрачјето на СВР Велес: Камерите регистрирале 151 прекршок

t

Системот „Безбеден град“ започна со примена и во Повардарието, а во првите ден и половина на подрачјето на СВР Велес биле регистрирани 151 сообраќаен прекршок, најголемиот дел за пречекорување на дозволената брзина.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски при промоцијата на системот во Велес информираше дека во саботата биле регистрирани 124 прекршоци, а до пладне во неделата уште 27.

Само три до четири од прекршоците биле за минување на црвено светло, додека најголемиот број се однесувале на пребрзо возење.

Во Велес е пуштен во употреба и команден центар за „Безбеден град“, сместен во реконструираните поранешни простории на Министерството за одбрана. Центарот го покрива подрачјето на СВР Велес, односно Велес, Кавадарци, Неготино и Демир Капија.

Тошковски оцени дека бројот на регистрирани прекршоци е помал во споредба со претходни периоди и порача дека целта на системот не е полнење на буџетот, туку поголема безбедност во сообраќајот.

„Имплементацијата на системот ‘Безбеден град’ е за спасување човечки животи, а не за полнење на буџетот“, рече Тошковски.

Тој посочи и дека во првите осум месеци од минатата година на патиштата низ Македонија загинале 96 лица, додека во истиот период годинава биле евидентирани 61 жртва.

Системот „Безбеден град“ претходно започна со автоматско регистрирање и санкционирање на сообраќајни прекршоци во Скопје, Куманово и Тетово, како и на коридорите 8 и 10. Во првата фаза се регистрираат пречекорување на брзината, минување на црвено светло, непрописно паркирање и управување возило со истечена сообраќајна дозвола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почна примената на „Безбеден град“ во подрачјето…

Системот „Безбеден град“ започна со примена и…

Трамп: Би сакал да видам обединета Ирска,…

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја изрази…

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100…

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска изјави…

Помалку летови и поскапи билети? „Виз ер“…

Европскиот пазар на евтини авионски летови влегува…

Речиси 800 илјади ноќевања во јули, сè…

Македонскиот туристички сектор бележи раст во екот…