Прв македонски етимолошки речник во издание на Институтот за македонски јазик

t

Во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје денеска во 11.30 часот ќе биде претставен првиот том од првиот „Македонски етимолошки речник“, издание на Институтот.

– „Македонскиот етимолошки речник“ е од особено значење за македонскиот јазик бидејќи претставува научно втемелено сведоштво за историскиот развој на македонскиот јазик, нуди научно аргументирана анализа на потеклото на македонските зборови, поставени во поширок словенски и индоевропски контекст. Речникот придонесува да се зајакне научната и културната самосвест и претставува достоен промотор за меѓународна афирмација на македонскиот јазик како самостоен словенски јазик со сопствена историска и етимолошка традиција. Со тоа, Речникот се вградува во темелите на македонското културно и научно наследство и претставува дело со трајна вредност – велат од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

Делото ќе го претстават проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот и проф. д-р Гоце Цветановски, научен советник во Институтот и автор на Речникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети за спорот со јазикот: Прифатливо е…

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на предновогодишна…

(Видео) Прв македонски филм на „Netflix“ –…

Од петок (24.12) светската публика ќе има…