ПРВ СЛУЧАЈ НА ЕБОЛА ВО ФРАНЦИЈА: Првиот случај е лекар кој се вратил од Конго
Франција го пријави својот прв случај на ебола за време на актуелната епидемија, откако беше утврдено дека лекар, кој се вратил од Демократска Република Конго (ДР Конго), е позитивен на вирусот. Француското министерство за здравство соопшти дека лекарот се вратил од хуманитарна мисија, јавува „Скај Њуз“.
Пациентот е ставен во изолација, а надлежните служби ги следат и ги идентификуваат сите лица кои биле во контакт со него, наведе министерството, додавајќи дека ризикот за пошироката европска популација е низок.
Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), епидемијата на ебола во ДР Конго, со која се заразени повеќе од 1.000 луѓе, а починаа најмалку 267, забележа најголем број потврдени случаи во текот на првиот месец од избувнувањето на болеста во споредба со сите претходни епидемии.
Бројот на потврдени случаи на ебола во ДР Конго се искачи на 1.094, вклучувајќи 277 смртни исходи, покажаа податоците на владата објавени во вторникот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПРВ СЛУЧАЈ НА ЕБОЛА ВО ФРАНЦИЈА: Првиот…
Франција го пријави својот прв случај на…
ПИОМ: Пензиите се сигурни, нема ризик за…
Фондот на пензиското и инвалидското осигурување (ПИОМ)…
Со морски плодови, вино и грчка музика…
Ставрос Цимас, познат грчки новинар што со…
Трипуновски: Наследив повеќе од 1.600 вработени без…
Нереализирани кредити, неискористени средства за модернизација, плаќање…
БРУТАЛЕН НАПАД: Претепан до смрт поранешен советник…
Поранешниот градски советник од редовите на ХДЗ,…