Со морски плодови, вино и грчка музика изведувана од неговата сопруга, Заев расчистувал дилеми околу Преспа
Ставрос Цимас, познат грчки новинар што со децении ги следи односите на својата земја со соседите, во книгата „Скриени аспекти на македонското прашање“ открива низа малку познати детали поврзани со Преспанскиот договор и односите меѓу Скопје и Атина по неговото потпишување.
Меѓу нив е и една необична епизода од летото 2019 година, кога тогашниот македонски премиер Зоран Заев, кој летувал на Халкидики, се сретнал со претставници на новата грчка власт на вечера во Фурка.
Според Цимас, покрај политичките разговори, вечерта ја обележале добро вино, морски плодови и песни од познатиот грчки пејач Антонис Ремос, кои, како што наведува авторот, ги изведувала сопругата на Заев.
Според Цимас, следното утро Заев бил значително поопуштен.
Меѓу другото, Заев во шега предложил седница на Владата да се одржи на Касандра, каде што летувале дел од неговите министри, а доколку било потребно да заседава и парламентот, тоа да се случи во Солун за да можат да присуствуваат и пратениците што летувале во Переја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Физички напад во Лабуништа: 36-годишник претепан од…
На 10.11.2026 година, во 09:37 часот, во…
Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…
Иран произведува 50 балистички ракети месечно
Иран и покрај повеќемесечните воздушни напади на…
ПАЃА ПРОДАЖБАТА НА СТАНОВИ ВО МАКЕДОНИЈА: За…
Пазарот на недвижности во Македонија бележи забавување…
Русија собра 47 бомбардери способни за носење…
Според податоците од проектот „АвиВектор“, кој го…