Предлог-закон: Пратениците да имаат само македонско државјанство
Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за пратениците, со кој се предлага воведување услов пратеник да може да биде само лице кое има исклучиво македонско државјанство.
Иницијативата, објавена од пратеникот Антонијо Милошоски, е поднесена по скратена постапка, а ја потпишуваат и пратениците Никола Мицевски, Бојан Стојаноски, Марија Петрушевска и Игор Здравковски, објави 4news.mk
Со предложените измени, покрај постојните услови за избор на пратеник – полнолетство, деловна способност и неосудуваност – се додава и нов критериум кој предвидува кандидатите да бидат државјани само на Република Северна Македонија.
Во текстот на законот се наведува дека целта е да се зајакне интегритетот на функцијата пратеник и да се обезбеди целосна лојалност кон државата. Дополнително, се предвидува усогласување на одредбите со Изборниот законик во рок од 30 дена од стапување на сила на измените.
Предлог-законот ќе се разгледува во Собранието, каде се очекува да отвори дебата околу условите за вршење на пратеничката функција и прашањето за двојното државјанство кај носителите на јавни функции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Предлог-закон: Пратениците да имаат само македонско државјанство
Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог-закон за…
Груевски има унгарски и српски пасош, велат…
Последните информации доставени до СДСМ укажуваат дека…
Папата Лав: Иднината на човештвото е во…
Папата Лав денес предупреди дека иднината на…
Родителите од Кочани бараат враќање на обвинителката…
Дел од родителите и семејствата на жртвите…
Тестот на Димитровска го полагал друг, таа…
Поранешната претседателка на Државна комисија за спречување…