Предлог-закон: Пратениците да имаат само македонско државјанство
Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за пратениците, со кој се предлага воведување услов пратеник да може да биде само лице кое има исклучиво македонско државјанство.
Иницијативата, објавена од пратеникот Антонијо Милошоски, е поднесена по скратена постапка, а ја потпишуваат и пратениците Никола Мицевски, Бојан Стојаноски, Марија Петрушевска и Игор Здравковски, објави 4news.mk
Со предложените измени, покрај постојните услови за избор на пратеник – полнолетство, деловна способност и неосудуваност – се додава и нов критериум кој предвидува кандидатите да бидат државјани само на Република Северна Македонија.
Во текстот на законот се наведува дека целта е да се зајакне интегритетот на функцијата пратеник и да се обезбеди целосна лојалност кон државата. Дополнително, се предвидува усогласување на одредбите со Изборниот законик во рок од 30 дена од стапување на сила на измените.
Предлог-законот ќе се разгледува во Собранието, каде се очекува да отвори дебата околу условите за вршење на пратеничката функција и прашањето за двојното државјанство кај носителите на јавни функции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ристовски му честиташе на Христијан Бузалковски за европската…
Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари…
14-годишно дете тешко повредено во напад од…
Физичка пресметка меѓу двајца малолетници во училишен…
Битолчанец (46) пронајден мртов во неговата куќа
МВР информира дека вчера попладне во 14:30…
Мицкоски: Има лица на боледување кои со…
Дел од граѓаните кои користат боледување ја…
Осомничен за убиство во Македонија, турски државјанин…
31-годишен турски државјанин, кој бил баран со…