Предметот за претепаната Сара во Охрид одземен од обвинителот Стојанче Арнаудоски – го презема обвинителката Викторија Коваческа Мандулоска
Предметот за бруталното претепување на младата Сара во Охрид, случај кој предизвика огромен револт во јавноста, според информации доставени до Ohrid1, му е одземен на досегашниот јавен обвинител Стојанче Арнаудоски.
Постапувањето по предметот, според истите информации, го презема јавната обвинителка Викторија Коваческа Мандулоска од Основното јавно обвинителство Охрид.
Оваа промена доаѓа во период на силни реакции во јавноста и барања за целосно и непристрасно расветлување на случајот.
Според информациите што ги доби Ohrid1, причината за одземањето на предметот од Арнаудоски е наводна блискост со семејството на осомничениот Кристијан Корабоски.
Станува збор за семејството на Љубинка Корабоска, поранешна претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, и нејзиниот сопруг Гоце Корабоски, кој во медиумските извештаи е наведен како инспектор во Управата за јавни приходи.
Според сознанијата доставени до редакцијата, Арнаудоски бил куќен пријател со семејството Корабоски. Овие информации засега не се независно потврдени, ниту има официјално образложение дека евентуалната блискост е причина за промена на обвинителот.
На официјалната веб-страница на Јавното обвинителство е потврдено дека Викторија Коваческа Мандулоска и Стојанчо Арнаудоски се обвинители во ОЈО Охрид.
Случајот доби дополнително внимание откако за осомничениот беа определени мерки на претпазливост наместо притвор.
Извор: Охрид1
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Предметот за претепаната Сара во Охрид одземен…
Предметот за бруталното претепување на младата Сара…
Опљачкана куќа во Визбегово, одземени пати злато,…
На 16.11.2026 во 00:30 часот во СВР…
Српското обвинителство му одреди два дена притвор…
Со наредба на Вишото јавно обвинителство во…
Украдени злато, пари и службена „дачиа“ на…
Во текот на викендот биле украдени злато,…
Калас: Путин го испорачува истиот список на…
Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи…