Предупредување за невреме во Македонија
Македонија денеска ќе биде под влијание на претежно сончево и многу топло време, но метеоролошката слика значително ќе се промени во наредните денови, кога се најавуваат услови за локално невреме.
Во текот на денот ќе има мала до умерена локална облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималните дневни температури ќе се движат од 30 до 36 степени.
Во Скопје, исто така, ќе преовладува сончево и топло време со мала облачност и јужен ветер, а температурата ќе достигне до 36 степени.
Промена на времето се очекува во среда и четврток. Претпладне ќе биде претежно сончево и топло, додека во попладневните часови на повеќе места ќе има зголемена нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално се очекува процесите да бидат поинтензивни и да прераснат во невреме проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.
Нестабилното време нема да заврши со оваа промена. Услови за локални поројни врнежи, грмежи и засилен ветер се очекуваат и во продолжение на работната недела, како и за време на викендот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Предупредување за невреме во Македонија
Македонија денеска ќе биде под влијание на…
Виткоф: Постигнат е значаен напредок во преговорите…
Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп,…
Ајфеловата кула под клуч: Штрајк откако работничките…
Ајфеловата кула во Париз беше затворена во…
Трамп го присвои Северниот Атлантик, Исланд упати…
Министерството за надворешни работи на Исланд го…
Мицкоски: Модернизиран охридскиот аеродром
Со инвестиција од 2,7 милиони евра модернизиран…