Објавено на:

Прекин во услугите на „Епл“: Корисници пријавуваат проблеми со „Ајклауд“, „Ап стор“ и „Епл пеј“

t

Корисници на „Епл“ на 17 ноември пријавија проблеми со пристапот до повеќе услуги на компанијата, меѓу кои „Ајклауд“, „Ап стор“ и „Епл пеј“. Поплаките се однесуваат на неуспешно најавување, тешкотии при поврзување и недостапност на одредени функции.

Според „Макруморс“, „Епл“ на својата страница за статусот на системите потврдил проблеми со услугата за сметки и најавување на „Ајклауд“. Компанијата навела дека пристапот може да биде забавен или да се појавуваат тешкотии. Во моментот на тој извештај, другите услуги не биле означени како погодени на официјалната страница.

На платформата „Даундетектор“ бил забележан нагол пораст на пријавите за повеќе сервиси на компанијата. Покрај проблемите со најавувањето, корисници пријавувале тешкотии и со „Епл сапорт“ и дигиталниот паричник „Волет“.

Дел од корисниците наведувале дека не можат да активираат нови уреди или да пристапат до своите сметки, а други добивале пораки за неуспешна проверка на идентитетот. Пријави пристигнувале и од земји надвор од САД, меѓу кои Бразил, Грција и Летонија, објави „Њујорк пост“.

Причината за проблемите и рокот за целосно воспоставување на услугите засега остануваат нејасни. Прекинот следува по неодамнешните технички проблеми во американскиот банкарски сектор, авиосообраќајот и услугите на „Мајкрософт“, но засега нема утврдена поврзаност меѓу овие инциденти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прекин во услугите на „Епл“: Корисници пријавуваат…

Корисници на „Епл“ на 17 ноември пријавија…

(Фото) СДСМ доживеа дебакл на протестот во…

Најавата на СДСМ за протест во Охрид…

МВР: Од 15 ноември до 15 март…

Од 15 ноември почна законската обврска за…

Бајден за потегот што го загрижи Кремљ:…

Поранешниот американски претседател во книгата „Ветувај ми,…

Тежок удар врз Кримскиот мост: Аналитичар проценува…

Автомобилскиот дел од Кримскиот мост би можел…