Прекин на сообраќајот на овие патни правци поради одрони и поплави!
Одрон од карпа на патот Скопје-Велес, во прекин дел од патните правци во крушевско, забрана за товарни возила на патот Струга-Ќафасан
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во 17:35 часот пријавено е дека на автопат Скопје– Велес, после тунелот “Бадар” има одрон од карпа, која ги има зафатено двете ленти. Сообраќајот не е во застој. На лице место има полициски службеници и екипа од Македонија пат.
Од 18:05 часот поради излевање на Црна река од своето корито кај с.Бучин, крушевско имаме прекин на патениот сообраќај на локалните патни правци од с.Бучин – Д.Хисар,с.Бучин према с.Обршани и с.Бучин према с.Трноци.
Исто така, ве известуваме дека од 18:15 воведена е забрана за движење на товарни возила на патениот правец Струга-Ќафасан.
Воедно, информираме дека од 18:30 часот патниот правец Пробиштип-Леговец поради сообраќајна незгода и вршење на увид е затворен за сообраќај во двата правци.
Министерството за внатрешни работи преземаа соодветни активности за отстранување на сите пречки за воспоставување и нормализирање на сообраќајот.
Апелираме до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, задолжително поседување на пропишаната зимска опрема и почитување за поставената сигнализација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прекин на сообраќајот на овие патни правци…
Одрон од карпа на патот Скопје-Велес, во…
АМСМ: Сообраќајот се одвива непречено, по влажни…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Сообраќајот во државата се одвива непречено по…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Возете внимателно, можни се одрони, предупредува АМСМ
Од АМСМ апелираат до возачите да бидат…
Поплавени објекти во штипскиот регион, одрони на…
Информација за Струмичкиот, Штипскиот и Кумановскиот регион…