Поплавени објекти во штипскиот регион, одрони на повеќе патни правци

t

Информација за Струмичкиот, Штипскиот и Кумановскиот регион што во изминатиот период беше зафатен од обилните врнежи од дожд до 12:00часот

На територијата на Струмучкиот регион по обилните врнежи од дожд засега нема пријави за направени штети. Состојбата мометално е стабилна.

На територијата на Штипскиот регион како последица на обилните врнежите од дожд, имаше поплави на простории од објекти (подрумски кои се користени како магацини), дворни места и неожнеани ниви со ориз во неколку локации во Општина Чишиново-Облешево (селата Чишиново, Облешево и Спанчево). Исто така имаше поплавени бушотини за вода за пиење каде што водата е загадена и има забрана за пиење. Забележано е ниво на излевање од речните корита на река Брегалница во Општина Чишиново – Облешево каде има зафатено куќи односно подрумски простории и неожнени ниви со ориз.

Како последица на врнежите од дожд, имаше пријава за свлечиште на Радовиш-Штип (експресен пат) и с Злетово-брана Кнежево. Исто така имаше пријави на одрони на патните правци Бреана Калиманци-Македонска Каменица, Делчево Граничен Премин, Македонска Каменица – Рудник Саса и патниот правец Делчево -Пехчево. Денеска на терен повторно се екипите од ЈКП на Општина Чишиново – Облешево и ТППЕ Кочани за интервенција.

На територијата на Општина Куманово, Општина Липково, Општина Старо Нагоричане, Општина Крива Паланка и Општина Ранковце нема излевање на реки

Од Кризниот штаб при Општина Липково е добиено барање за итно постапување и интервенција поради висок ризик од лизгање на земјиште во с.Липково. Барањето е препратено до ДСЗ – Куманово, СВР Куманово и ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта – Куманово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Опасност од одрони на неколку делници, посебен…

Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива…

Најмалку 165 загинати во разорни поплави во…

Најмалку 162 лица загинаа во Непал, а…

Силна бура зафати дел од Шпанија —…

Поплава и свлечиште предизвикани од поројни дождови…

10 години од поплавите во Скопје во…

Скопје денеска одбележува десет години од невремето…

Силна бура и поплави го погодија Чиле

Силна бура, која предизвика поплави, ги зафати…