Претепана жена донесена во Ургентниот центар на Клинички: Од силните удари ѝ било деформирано лицето

t

Жена од Гостивар, која била брутално претепана, вечерва е примена во Ургентниот центар при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, со бројни повреди на главата и градниот кош, како и деформитети на лицето предизвикани од ударите.

Според информациите пациентката била примена во исклучително лоша состојба, по што лекарите започнале со медицински испитувања.

Раководителот на Ургентниот хируршки центар, доктор Дејан Здравковски, потврдил дека жената има повеќе повреди и дека во тек се иследувања за утврдување на нејзината здравствена состојба.

„Пациентката е на иследување, има повреди на градниот кош и на главата, деформитети на лицето. Настанот се случил вчера ама денес е пријавено. Полицијата е известена и разговара со неа. Жената е од Гостивар“, изјавил доктор Здравковски за „Слободен печат“.

Засега нема информации за идентитетот на напаѓачот, мотивите за насилството, ниту за околностите под кои жената била претепана.

Повеќе детали се очекуваат од надлежните институции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претепана жена донесена во Ургентниот центар на…

Жена од Гостивар, која била брутално претепана,…

Утре продолжува амандманската расправа за предлог-буџетот за…

Собраниската Комисија за финансирање и буџет попладнево…

Двајца италијански техничари загинаа во Кувајт, Иран…

Двајца италијански државјани загинаа, а уште две…

Орбан ќе ги обединува националистите од цела…

Поранешниот десничарски премиер на Унгарија, Виктор Орбан,…

Уставниот суд го укина Колективниот договор и…

Уставниот суд утврди неуставност и донесе одлука…