Претрес во Кисела Вода: Пронајдени дрога, дигитална вага и пари, уапсени две лица
Две лица се лишени од слобода по полициска акција спроведена во скопската населба Кисела Вода, при која биле пронајдени дрога, дигитална вага и пари.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 9 јули околу 22:20 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги привеле П.Ј. (38) и Д.Р. (28), двајцата од Скопје.
При претрес во домот на П.Ј., извршен по претходно обезбедена судска наредба, каде што бил затекнат и Д.Р., полицијата пронашла и одзела бела грутчеста материја, марихуана, дигитална вага и пари.
Од МВР соопштија дека по целосното документирање на случајот, против двајцата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претрес во Кисела Вода: Пронајдени дрога, дигитална…
Две лица се лишени од слобода по…
Македонските аеродроми рушат рекорди – за само…
Во првите шест месеци од оваа година…
Македонија треба да му исплати речиси 3.500…
Европскиот суд за човекови права одлучи дека…
Опасна граната, тешка 45 килограми, пронајдена кај…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) успешно…
(Видео) Мароко изгуби, а „ГОРЕА“ ЛОНДОН, АМСТЕРДАМ,…
Еден полицаец е повреден, а четири лица…