Македонија треба да му исплати речиси 3.500 евра отштета заради притворот на екс директорот на УБК, Владимир Атанасовски, одлучи ЕСЧП

t

Европскиот суд за човекови права одлучи дека државата треба да му исплати 3,465 евра на екс директорот на УБК, Владимир Атанасовски. Како обвинет во предметот „Организатори на 27 април“, тој поминал шест месеци ефективен притвор и уште речиси 19 месеци куќен притвор и се жалеше на повреда правото на слобода и безбедност.

Во одлуката на ЕСЧП стои дека по неуспешните преговори за пријателско спогодување, Владата го информирала Судот дека предложила еднострана декларација со цел решавање на прашањата покренати со овие жалби.

Во декларацијата поднесена до Судот, Владата признала дека имало повреда на правата на подносителот,

Имајќи ги предвид признанијата содржани во едностраната декларација на Владата, како и предложениот износ на надоместок, кој е во согласност со износите досудени во слични предмети, Судот смета дека повеќе не е оправдано да продолжи со разгледувањето на апликацијата, стои во одлуката на ЕСЧП
Адвокатот на Атанасовски вели дека за време на целата постапка укажувал дека притворот е незаконски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Брвеница избира градоначалник

Жителите од десет населени места Општина Брвеница…

СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВО! Побарал пари од…

Триесет и шестгодишен жител на Тетово бил…

Утре до 23 степени, од четврток промена…

Времето утре ќе биде сончево со мала…

Прозападната опозиција во Чешка победи во вториот…

Прозападните опозициски партии постигна голема победа во…

Алигатор долг 3,6 метри усмрти 71-годишен маж…

Седумдесет и едногодишниот Стив Хамилтон загинал во…