Приватните специјализанти не се откажуваат од барањата

t

Приватните специјализанти повторно ќе се соберат за да покажат дека не се откажуваат од нивните барања. Како што најавија, секој вторник од 11 часот за време на паузата се собираат во паркот кај интерните клиники за ги потсетат надлежните дека нивната состојба останува непроменета.

По една недела штрајк, приватните специјализанти излегоа на протест пред Министерството за здравство, но потоа донесоа одлука штрајкот да го стават во мирување. Ваквата одлука е поради, како што велат, пациентите, сензитивноста на периодот и отежнатата работа на клиниките во комплексот „Мајка Тереза“.

Од идниот министер ќе бараат да се сретне со нив и да ги реши нивните проблеми. Приватните специјализанти, почнаа штрајк со барање за трајно решавање на нивниот статус, обезбедување здравствено осигурување и зголемување на платите.

Владата на седница донесе одлука статусот на приватните специјализанти да се решава по изборите со предлог-законски решенија со кои ќе се предвидат нивните севкупни права и одговорности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приватните специјализанти не се откажуваат од барањата

Приватните специјализанти повторно ќе се соберат за да…

(Видео) Јакимовски: Да изградиме регионална НАТО-болница по…

- Како претседател на Република Македонија и…

Филипче: Специјализантите заслужуваат поголеми примања!

Во целост ги поддржувам приватните специјализанти во…