Приведен 34-годишен гостиварец – осомничен е дека го убил својот татко во семејниот дом
На 31.03.2026 во 01:50 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишија од слобода М.Д.(34) од Гостивар поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Имено, претходно во 01:30 часот во Полициската станица Гостивар машко лице пријави дека се сомнева за убиство на член од неговото семејство. Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот и во куќата е пронајден починат К.Д.(63) од Гостивар со видливи повреди и траги од насилство во пределот на главата, по што, поради сомнение дека се работи за убиство од слобода е лишен неговиот син. Според првичните изјави на осомничениот, татко му починал претходниот ден околу 14:50 часот по пад во купатило, но случајот не го пријавил кај надлежните служби.
Известен е Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јовановски се чувствува виновен дека ја тепал…
Обвинетиот Стојанче Јовановски на денешното прво рочиште…
„Саздов ја наведе Ивана да се самоубие,…
Стојанче Јовановски, обвинет за повеќе дела меѓу…
Самиот пријавил дека ја убил својата мајка:…
Убиецот од Росоман утрово самиот пријавил во…
Лишен од слобода 15-годишник од тетовско поради…
Вчера (13.03.2026) околу 13:55 часот во с.…
Уапсен маж од Старо Нагоричане, осомничен е…
На 13.02.2026 во 19:30 часот во с.Драгоманце,…