Приведен е 34-годишен маж од Тетовско – со нож му се заканувал на градоначалникот на Желино

t

Полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишија од слобода Ф.Б. (34) од тетовското село Стримница, по пријава дека се заканувал со остар предмет на градоначалникот на Општина Желино, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Како што информира МВР, на 2 јануари 2026 година во 17:45 часот, полицијата постапила по претходна пријава според која околу 10 часот истиот ден, во просториите на Општина Желино, осомничениот со остар предмет упатувал закани кон Б.С. (40) од селото Копачин Дол, кој ја извршува функцијата градоначалник на општината.

По преземените мерки, Ф.Б. бил приведен и задржан во полициска станица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен е 34-годишен маж од Тетовско –…

Полициски службеници од Полициското одделение Групчин го…

Лишени од слобода возачи во Куманово, Кавадарци…

На 03.01.2026 во 02:47 часот во Куманово,…

Жена измамена за 8.600 евра со лажно…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.Ф.(54)…

МВР со детали за смрта на двегодишното…

МВР објави детали за трагедијата на новогодишната…

МВР со детали за убиството во Стара…

Едно лице го загуби животот, а друго…